Претседателот на Националниот совет на Австрија Соботка во посета на Собранието

Од:

Претседателот на Националниот совет на Република Австрија Волфганг Соботка денеска престојува во посета на Собранието.

Како што најави собраниската прес-служба, Соботка ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и ќе потпишат Писмо за намери за формирање „Работилници за демократија“.

Во рамки на посетата, Соботка ќе се сретне и со претставници од бизнис-заедницата: Штефан Петер од ЕВН Македонија АД, Глигор Бишев и Алвин Аличевиќ од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Соботка предвидено е да оствари одвоени средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба