Претседателот на канадскиот Сенат Кинсела во посета на Тетово

Од:

Спикерот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела денеска ја посети општина Тетово и со градоначалничката Теута Арифи зборуваше за повеќе теми како образованието, вработувањето на младите и можноста за канадски инвестиции во Македонија.

– Канада и Македонија секогаш имале одлични односи. Во Канада има многу луѓе што дошле од Македонија и многу придонеле за канадското општество, но јас сум многу задоволен што тие не ја заборавиле државата од каде потекнуваат. Канада исто така е мултикултурна и двојазична држава и навикнат сум да комуницирам на два јазика така што денеска многу лесно се прилагодив на употребата на јазици при посетата, изјави Кинсела.

На средбата станало збор за образованието и особено за креативните начини за справување со невработеноста пред се на младите.

– Глобалната економија подразбира младите да работат во најмалку три земји во текот на нивната кариера, а таа мобилност ние треба да им ја овозможиме на начини што не биле практикувани во минатото, рече Кинсела.

Градоначалничката Арифи, како што рече, го информирала дека од општината и од Македонија има дијаспора во многу земји при што голем дел од нив се враќаат и инвестираат во земјата.

– Една од целите на нашата посета е можноста за канадски инвестиции и тоа не само од нашите државјани што потекнуваат оттука туку воопшто да дојдат и да инвестираат во Македонија, но истовремено и да научат од резултатите што ги постигнувате на полето на мултикултурализмот. изјави претседателот на канадскиот Сенат.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии