Претседателот на Бугарија ја критикува Македонија

Од:

При средбата со комесарот на ЕУ за проширување и европска политика Штефан Филе, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ја искористил можноста да ја критикува Македонија.

„Во Македонија се забележува тренд на националистичка реторика, дискриминаторски однос кон граѓаните со бугарско чувство и има многу административни бариери за бугарскиот бизнис“, изјави Плевнелиев.

На средбата, како што јави агенцијата “Фокус”, Плевнелиев додал дека не се согласува со формулациите во извештајот на Европската комисија за Македонија.

„Според нас извештајот на ЕК за напредокот не одразува соодветно улогата на Македонија во регионалната соработка и состојбата на билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија“, нагласил Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата