Претседателот на албанскиот парламент во посета на општина Пустец

Од:

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета придружуван од пратениците Спартак Брахо и Пиро Капуран вчера престојувал во посета на македонската општина Пустец.

Во Пустец, тој имал средби со жителите, од кои слушнал за проблемите со кои се соочуваат, а потоа остварил средба  со градоначалникот Едмонд Темелко, кој е и претседател на единствената македонска партија, МАЕИ, потпретседателот и генералниот секретар на партијата, Таќо Гроздани и Васил Стерјовски.

– Го запознавме со состојбата во општината Пустец,каде има потреба од инвестирање во водоводи, канализации, реновирање на гимазиската зграда, недостигот на учебници на македонски јазик во училиштата во Мала Преспа. Побарваме поддршка во земјоделството и слично. Ја нагласивме и потребата од донесување Закон за малциства со кој ќе се регулира признавањето на македонската и другите заедници на целата територија на Албанија, а со тоа и образованието на мајчин јазик, изјави Васил Стерјовски.

Мета се заблагодарил за вредностите кои ги носи македонската заедница, нагласувајќи дека албанскиот Парламент го поддржува развојот и зачувувањето на традициите на македонската зедница и ветил дека ќе се ангажира за итна рекострукција на гимназисаката зграда во Пустец и печатење на учебници на македонски јазик. Ветил дека макисимално ќе се заложи за субвенции за земјоделците, како и и инвестици за инфраструктурни зафати.

Според него, салбанските власти ги превземаат сите мерки за што поголема инреграција македонската заедница во албанското општество.

– Многу ја ценам македонската заедница, која е трудољубива и мирољубива и придонесува со нејзините најдобри вредности.Затоа сметам дека залужува целосно внимание, изјавил Мета за време на престојот во Пустец.

Мета го  го посетил и селото Зрноско.

Би можело да ве интересира

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он