Претседателот може да помилува само казнети лица, а не и тие што кривично се гонат: Се подготвува нов закон за помилување

Од:

Претседателот може да дава помилувања само за казни, а не и за кривично гонење на одредени лица, е ставот на работната група која работи на новиот Кривичен законик а кој беше презентиран на јавната расправа која Министерството за правда ја организираше за Предлог законот за помилување.

Едно од клучните прашања кое беше предмет на широка дискусија беше прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење.

Имајќи ја предвид практиката од досегашната примена на законот и особено случаите поврзани со помилувањето од кривично гонење, работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Ова решение беше целосно поддржано и од работната група која работи на новиот Кривичен законик.

„Значајна новина се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување. Предвидени се кратки рокови за постапување за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Во тој контекст се и одредбите со кои се пропишува прекршочна одговорност на лицата кои постапуваат по предметите.

На законот кој беше предмет на денешнава јавна расправа се работеше подолг временски период. Беа разгледани повеќе компаративни искуства а најголем дел од решенијата се содржани во оние држави со кои имаме слични правни системи“, соопштија од министерстово за правда.

Би можело да ве интересира

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Сиљановска-Давкова: Измените во КЗ важат до донесување на новиот Кривичен законик

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Експертите со поделени ставови за предлог-измените на Кривичниот законик

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции