Претседателот Иванов положи цвеќе пред споменикот на Ченто во Прилеп

Од:

По повод националниот празник 11 Октомври, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во Прилеп положи цвеќиња и се поклони пред споменикот на првиот претседател на президиумот, Методија Андонов Ченто.

Претседателот Иванов присуствуваше и ја разгледа воената изложба на македонската Армија на булеварот во центарот на Прилеп, а ги следеше и вежбите на елитните единици на Армијата, посебно на алпинистичката која изведе спуштање и пренесување луѓе од 13-катната зграда во центарот на градот.

Според потполковник Тони Јаневски, офицер за односи  со јавност при здружената оперативна команда на АРМ, оваа прва изложба и демонстрација е во соработка со прилепската касарна и со локалната самоуправа во чест на празникот.

– Оваа манифестација не само што ќе го збогати овој голем ден туку и ќе покаже на кое ниво е соработката на Армијата и цивилните структури. На повеќе пунктови ги изложивме речиси сите борбени средства и опрема, а и ги покажуваме вештините на нашите единици за специјални намени, како што се вештините на апинистичката еденица од единиците за специјални намени што предизвика огромен интерес кај народот, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on