Претседателот Иванов на ИКТ-конференции во Охрид

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Охрид ќе се обрати на затворањето на 18. Меѓународна конфереција за достигнување во доменот на базите на податоци и информациски системи АДБИС и на отворањето на шестата меѓународна конференција „ИКТ Иновации 2014″.

Конференцијата „АДБИС“ се одржува во различни земји во Европа и има цел да обезбеди форум каде што истражувачите и практичарите од областа на базите на податоци и информатички системи ќе разменуваат идеи и предлози и ќе ги дистрибуираат нивните достигнувања и визии.

Конференцијата „ИКТ Иновации 2014″ е организирана од асоцијацијата ИКТ-АКТ, која обединува универзитетски професори по информатика и компјутерско инженерство од Република Македонија, и е поддржана од повеќето универзитети по информатика во земјава.

Главна тема на конференцијата оваа година се ИКТ-иновациите во светот на податоците.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица