Претседателот Иванов ќе сади дрвца со студенти од охридскиот Универзитет за информатички науки

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе прими студенти со највисок просечен успех  од Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ – Охрид  и со нив, по повод акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“,  ќе засади дрвца во дворот на претседателската резиденција.

Тоа е петта од серијата планирани средби на претседателот со студентите од сите универзитети во државата. Во текот на годинава Иванов ги прими најдобрите студенти од општествените науки од универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.

– Основната цел е да се слушнат размислувањата и идеите, но и предизвиците со кои се соочуваат најдобрите претставници на младата академска сила, да се поддржи нивната креативност и иновативност, и да се поттикнат нивните идни академски и професионални успеси, соопшти Кабинтетот на Претседателот.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on