Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, информираат од нејзиниот кабинет.

– Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот, се вели во соопштението.

Во согласност со донесените укази, се отповикуваат:

– Јакуп Реџепи од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина, со седиште во Сараево;

– Џенк Сејфула од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска, со седиште во Стокхолм;

– Методија Белевски од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија и од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор за Големото Војводство Луксембург, со седиште во Брисел;

– Агнеза Руси Поповска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, со седиште во Софија;

– Емил Крстески од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага;

– Пајо Авировиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, со седиште во Виена;

– Зеќир Рамчиловиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора, со седиште во Подгорица; и

– Катерина Ставреска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон.

Исто така, претседателката Сиљановска-Давкова донесе Указ за отповикување во редовна постапка на Светлана Гелева од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, поради завршување на мандатот.

Во согласност со донесените укази, должноста на амбасадорите им престанува на 30 април 2025 година.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи

А1он

Муцунски и Сиљановска-Давкова во Дубаи се сретнаа со Македонци што живеат и работат во ОАЕ

А1он

Амбасадорката Агелер на проштална средба кај претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе – jас не видов денеска намуртен човек, сите се насмеани

А1он