Претседателката на ССК Арсовска на 20. Евроазиски самит во Истанбул

Од:

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска денеска се обрати на 20. Евроазиски економски самит во Истанбул.

Арсовска, како што соопшти ССК, дискутирала во рамки на сесијата посветена на заканата од тероризмот и принудна миграција, со кои се соочува Република Македонија, а кои имаат влијание врз националната економијата. Арсовска била на заедничка сесија со министерот за индустрија и енергија на Азербејџан Натик Алиев, поранешниот премиер на Романија Виктор Понта и вицеканцеларот на Австрија Ерхад Бусек.

– Бизнис секторот во Република Македонија се соочува со голема неизвесност, од една страна од внатрешните фактори, а од друга надворешните, како што се потешкотиите на економиите во регионот и импактот од рецесијата во соседните земји, но пред се мигрантската криза и бранот бегалци кој пристига на нашата јужна граница. Сведоци сме на перманентна криза и на огромни промени кои се случуваат на глобално ниво, истакнала Арсовска.

Оваа состојба, како што се наведува, делува не само на нашата економијата, туку и на сите европски држави по коридорот 10, преку кризата предизвикана од блокади во патниот и железничкиот сообраќај, а секако длабоко ги погодува секторите енергетика, трговија како и транспортна индустрија.

Арсовска истакнала дека во вакви услови бизнис секторот меѓународно се воздржува од инвестиции и развој и не ги вложува ресурсите за реализација на планираните проектните активности, што креира дополнителни долгорочни проблеми.

Според неа, врз економијата најдиректно влијаат негативните општествени збиднувања, како стравот од заканата од тероризам и принудната миграција, но неопходно е да се надминат овие предизвици со тоа што нема да се дозволи да влијаат на глобалните економски текови.

– Потребни се решенија за намалување на притисоците врз бизнисот, бидејќи без економија нема раст, а најзначајниот двигател на економијата е приватниот сектор. Време е сите расположливи ресурси да се здружат и да се делува стратешки кон справување со овие закани со што нема да се дозволи стагнација на економскиот раст, истакнала Арсовска.

Во своето излагање таа посочила дека потребно е да се движиме напред преку развиена економија во услови на здрава животната средина и преку поголемо искористување на модерната технологија во сите сегменти на животот.

– Неопходни се инвестиции во обновливи ресурси, „tele-health“, емоционален инженеринг, оптимално користење на природни ресурси, иновации во телекомуникациите, циркуларна економија. Економско интегрирање во овие области треба да е услов за подинамичен глобален економски развој, во стабилност и континуитет. Како резултат на технолошкиот напредок да креираме нова додадена вредност, нов производ и можност за бизнис потенцијал. Да ги искористиме расположливите ресурси за да направиме пресврт, заедно да го подобриме животот во 21 век. Да почнеме од тука, од Истанбул мостот меѓу Европа и Азија, потенцирала Арсовска.

Овој економски самит се организира од 1998 година.

Би можело да ве интересира

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска

ССК: Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами

Ана Ололовска