Претседателката на Апелација: Полицаец отворил да излезе Ременски од друга врата без моја дозвола

Од:

Претседателката на Апелациониот суд-Скопје Лидија Димчевска, под чија надлежност е зградата во која се наоѓаат просториите на Обвинителството за организиран криминал за „А1он“ вели дека е изненадена од тоа што полицаец и отклучил спореден влез на пратеничката Фросина Ременски за да излезе, односно што не се почитувал протоколот за таа да замине од главниот влез. Таа вели дека доколку некој сака да излезе или влезе од зградата, односно од друг влез освен тој што е наменет за странки, треба полицаецот кој стражари да ја праша неа. Во конкретниот случај, тоа не било така.

„Јас тоа го дознав од медиумите. Бев изненадена. Ова се случило откако јас заминав на пат накај дома. Се вратив назад во Апелација, за да видам што е работата. Полицаецот кој го затекнав ми кажа дека тој ја отворил другата врата, бидејќи така оценил. Јас реагирав и кажав дека ова понатаму не смее да се случува. Истото му го пренесов и на командирот. Од мене има опомена. Ако треба некој да излезе или влезе од други влезови и излези, тогаш треба мене да ме праша. Тоа не е пештера, туку суд“, вели Димчевска во изјава за „А1он“.

По пет часа поминати во Обвинителството за организиран криминал каде вршеше увид во докази, пратеничката Фросина Ременски најде начин да ја напушти зградата без да ја видат новинарите, иако сите влезови освен службениот затворија во 14:30 часот. Екипите видоа како полициските службеници ги заклучуваа вратите, а подоцна без дозвола, повторно биле отклучени за да Ременски излезе од зградата. Екипата на „А1он“ успеа да ја стигне пратеничката која тврдеше дека не бегала, туку била во банка, но не објасни како излегла од заклучените излези.

„Може да не трчате по мене? Мислам не е културно. Не ги избегнав камерите, бев во банка“, рече Ременски, а откако и беше запрашана од кој влез излегла бидејќи сите се затворени, таа рече „Јас не знам дали вие сте вратари или новинари во Јавното обвинителство. Ако сте вратари, тогаш клучевите се кај вас и ќе знаете од каде излегов и каде бев“.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари