А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Претседателите на парламентите од Западен Балкан бараат изземање од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од ЕУ

by А1он26/03/2020 - 15:19321
Share0

Претседателите на парламентите на Северна Македонија Талат Џафери, на Албанија Грамоз Ручи, на Претставничкиот дом на Парламентарното Собрание на БиХ Денис Звиздиќ, на Народниот дом на Парламентарното Собрание на БиХ Драган Човиќ, на Косово Вјоса Османи, на Црна Гора Иван Брајовиќ и на Србија Маја Гојковиќ упатија апел за помош на Западен Балкан во борбата против пандемијата на COVID– 19 до претседателот на ЕП Давид Сасоли и до претседателката на ЕК Урсула вон дер Лејен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателите на парламентите од од првите луѓе на ЕП и на ЕК и од европратениците бараат поддршка земјите од Западен Балкан да бидат изземени од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против COVID– 19.

Тие бараат разгледување на вклученоста на регионот на Западен Балкан во ЕУ плус шема на авторизиран извоз, овозможување на регионот на Западен Балкан, доколку е неопходно, да стане дел од Заедничките договори за јавни набавки за медицински противмерки и оттука да учествува во заедничката набавка на медицинска и заштитна опрема за борба против пандемијата со COVID– 19 и разгледување на можноста за дозвола на регионот на Западен Балкан да ги пренамени постојните фондови од Инструментот за претпристапна помош (IPA II) за борба против пандемијата на COVID– 19, како и користење на сите други фондови достапни од разните ЕУ фондови достапни за оваа намена.

Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери за МИА посочува дека заедничкиот апел претседателите на парламентите го изготвиле електронски и потоа тој е испратен до Европскиот парламент, за европратениците да можат да го разгледаат во најкраток рок.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во продолжение во целост го објавуваме апелот на претседателите на парламентите од Западен Балкан до Европскиот парламент и до Европската комисија:

„Свесни за комплексноста на моменталната состојба и проблемите со кои се соочуваме како резултат на пандемијата со COVID– 19, овој заеднички Апел има за цел да ја нагласи моменталната многу неповолна состојба и предизвиците кои одат со неа за регионот на Западен Балкан; и во смисла на број на заразени и во смисла на недоволната здравствена опрема вo Регионот, неопходна за успешната превенција, третман и запирање на натамошното ширење на Коронавирусот (COVID– 19). Во оваа смисла, нам сега, повеќе од кога било претходно, потребна ни е солидарност, координиран пристап и заедничка акција.

Оттука, бараме Западен Балкан, кој секогаш јасно и недвосмислено нагласувал дека припаѓа во Европското семејство, да биде изземен од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од Европската Унија со цел да преку споделување на искуства и снабдување на неопходната опрема и медицински апарати, стане дел од Заедничкиот Европски Одговор во контекст на борбата против COVID– 19.

Во овој поглед, како претседатели на Парламенти од Западен Балкан, апелираме да ги преземете следните мерки, имајќи ја во вид нашата заедничка иднина, еднаквост и солидарност:

– разгледување на вклученоста на регионот на Западен Балкан во ЕУ + шема на авторизиран извоз;

– овозможување на регионот на Западен Балкан, доколку е неопходно, да стане дел од Заедничките договори за јавни набавки за медицински противмерки и оттука да учествува во заедничката набавка на медицинска и заштитна опрема за борба против пандемијата со COVID– 19

– разгледување на можноста за дозвола на регионот на Западен Балкан да ги пренамени постојните фондови од Инструментот за претпристапна помош (IPA II) за борба против пандемијата на COVID– 19, како и користење на сите други фондови достапни од разните ЕУ фондови достапни за оваа намена.

Дополнително на предложените мерки, во име на нашите Парламенти, поздравуваме секој вид на помош која Европската Унија е подготвена да ја овозможи за регионот на Западен Балкан.

Почитуван претседател на Европската Комисија, почитуван претседател на Европскиот Парламент, ние сме уверени дека овој апел ќе има позитивен исход, затоа што ние, во Западен Балкан, т.е. во Југоисточна Европа, силно веруваме во Европската солидарност и нашата заедничка европска иднина“.

koronavirusZapaden Balkan

Би можело да ве интересира

Мерц: Се залагам за предлогот за придружно членство во ЕУ за Украина и Западен Балкан

Горан Наумовски15/07/2026 - 22:0415/07/2026 - 22:05

Француско-германскиот нон-пејпер предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 12:0305/06/2026 - 13:50

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 08:2005/06/2026 - 08:24

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски03/06/2026 - 13:1503/06/2026 - 13:17

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан, утре ќе биде во Скопје

Катерина Ѓуровски01/06/2026 - 08:16

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во ЕУ пред Украина, смета Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски22/05/2026 - 11:1922/05/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео