Претреси во фирмата од која Рашковски набави сообраќаен софтвер, кој никогаш не е употребен

Од:

Претреси се прават на неколку локации од утрово, а се поврзани со предметот за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци од страна на Драги Рашковски, во времето кога беше генерален секретар на Владата. Неофицијално, претресите се во седиштето на компанијата „Инвока“, од каде Владата го набавила софтверот, кој никогаш не бил искористен. Втората локација е кај Даниел Станчев, сопственик и управител на фирмата „Инвока груп“.

Претресите ги прави Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кои отворија предмет по допрен глас за набавката на софтверот. Обвинителката Вилма Русковска за „А1он“ потврди дека во тек се претреси, а за детали најави соопштение до јавноста.

Ова е втор пат како јавноста знае дека Обвинителството прибира документи за предметот кој се поврзува со Рашковски. Пред три недели, Обвинителството собираше документи и од Владата, за набавка на софтверот.

Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра и за него објави „360 степени“. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Овој софтвер веќе една година не е во употреба.

Освен Обвинителството предмет за случајот отвори и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Премиерот Зоран Заев рече дека нема сомнеж за набавката.

Во екот на оваа афера, Рашковски со семејството замина на годишен одмор во Мексико.

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска