Претреси и апсења во Радожда

Од:

Голема полициска акција синоќа била спроведена во струшкото село Радожда дознава А1. Жители на ова село сместено покрај Охридското езеро за А1 рекоа дека во акцијата која траела до 8 часот изутрина биле запленети поголеми количини рибарски мрежи, а биле вршени претреси по куќи во селото каде полицијата со судски налог влегувала во домовите на Радождани.

Неофицијално во акцијата учествувале припадници на специјалната единица Алфи, и Езерска полиција.

Имало приведено и неколкумина луѓе кои на информативен разговор биле однесени во струшката полиција.

Инаку Радожда е позната рибарска населба во струшкито дел на Охридското езеро, каде голем дел од мештаните живеат од лов и продажба на риба.

Ова село важи за место од каде помнува и нелегалниот канал на трогвија со риба од Албанија во Македонија и обратно поради близината на границата.

Од Свр Охрид информираат дека биле запленети килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица. Синоќа околу 22 часот, кај граничниот камен број 42, во близина на караулата Радожда, полициските службеници ги приведоа лицата З.Ш.(42) и Д.П.(48 ) двајцата од Радожда.

Тие се приведени во момент кога на брегот се приближувал чамец, во кој, двајца албански државјани, превезувале 20 опаковки со околу 10 килограми Марихуана и две вреќи со 22 килограми риба Белвица.

Забележувајќи ги полициските службеници, албанските државјани скокнале од чамецот и со пливање побегнале, притоа фрлајќи ги во вода вреќите полни со риба Белвица. При извршен претрес кај З.Ш. беше пронајдена црна платнена торба со околу 16 килограми спакувана опојна дрога Марихуана, додека кај Д.П. беа пронајдени 11 килограми Белвица и Крап, и огромни количини на рибарска мрежа.

Двете приведени лица, се добро познати на службата, кои, во изминатиов период, на сличен начин криумчареле риба и недозволено тргувале со опојна дрога, за што им биле поднесувани соодветни кривични пријави. Од страна на полициските службеници се преземааат дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена кривична пријава.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски