Претрес во Струмичко, пронајдена марихуана

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претрес во струмичко е пронајдена марихуана.

„На 18.10.2021 година врз основа на Наредба за претрес на дом и други простории издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица полициски службеници од СВР Струмица- НК за КР-ЕНТ во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи извршиле претрес во домот на лицето О.И. (20) од с. Свидовица, струмичко, при што пронашле марихуана и гранки од растението Cannabis.

Од страна на СВР Струмица по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски