Претрес во Прилеп, одземени оружје и муниција

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претрес во Прилеп се пронајдени оружје и муниција, а сопственикот е приведен.

„Денеска (07.10.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Т.(43) од Прилеп.

При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул.”Круме Спиркоски” во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Америка ги запира клучните испораки на оружје за Украина

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски