Претрес во Охрид, пронајдено оружје

Од:

43-годишен охриѓанец бил уапсен откако при претрес на неговиот дом полицијата пронашла оружје, информира МВР.

– Денеска (17.12.2021) во 09.30 часот на ул.„Винковачка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Г.С.(43) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка од руско производство со калибар 16 мм, една воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и повеќе куршуми од различен калибар, кои ги поседувал без дозвола, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он