Претрес во Неготино, пронајдени стебла канабис, приведено едно лице

Од:

При претрес во Неготино, пронајдени се стебла канабис и приведено е едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 22.06.2022 околу 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода В.С.(21) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 33 стебла канабис и една дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР,

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски