Претрес на две локации во Скопје, пронајденo e оружје, муниција и дрога

Од:

Полицијата по издадени наредби за претрес од страна на Судија на претходна постапка, изврши претреси на две локации во Скопје, при што се приведени А.И.(26) и С.С.(32) од Скопје.

При претресите, во домот на А.И. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со оптички уред, рамка за автоматска пушка со 28 куршуми во неа, девет електронски уреди со магнет, три дигитални камери, два електронски уреди, две ќеси со растителна материја.

во домот на С.С. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со една рамка со куршуми, еден автоматски пиштол со една рамка со куршуми, еден пригушувач, една кутија со 32 куршуми, нож И една ќеса со бела прашкаста материја.

Во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он