Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со локален пороен дожд

УХМР предупредува: Попладнево можни силни дождови и поплави по градските улици

Жарко Настоски

Пороен дожд, град и грмежи во југоисточниот дел на државата и во скопската котлина

По поројниот дожд во Куманово, екипите на терен, утре седница на Општински штаб за заштита и спасување

Невреме во северозападниот дел на земјата