Претпладне сончево, попладне и во текот на ноќта локално пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.

Во Скопје, информира УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито