Претепаниот скопјанец: Лихвар ме маваше со пиштол по глава, ме бодеа со штрафцигер

Од:

Брутално претепаниот скопјанец за „А1он“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра, кои потоа ги вратил, но одбил да плати и камата. Тој вели дека пред нападот немал никакви закани. Вчерта кога бил нападнат прво го удриле со пиштол, потоа прободен со штрафцигер, а на крај со клоци. Тој по инцидентот добива закани, а напаѓачите се јавувале кај негови блиски пријaтели и роднини.

„Јас имам од лицето земено на заем 200 евра, кои ги вратив. Кога ги земав парите, тој не ми кажа да вратам камата за нив, и истиот ми е познаник. Подоцна ми бараше камата за сумата што ја земав, но не им дадов и одбив. Пред некој ден имавме кратка расправија. Не ми се закануваа, ниту ме предупредија“, изјави момчето за „А1он“.

Тој вели бил намесстен од негов пријател, кој го повикал наводно да разговараат, но на договорената локација го пречекале напаѓачите.

„Поминував низ Аеродром со девојката. Мој пријател ми се јави да разговараме. Практично, ме најдоа со негова помош. Јас имав проблем со паркирањето. Се враќав со автомобилот наназад, а во тој момент тие помислиле дека ќе избегам. Излегоа од позади бело комбе паркирано во близина. Кога излегов, видов 4-5 лица и почувствував остар удар со пиштол во главата. Ме удри трипати, по што паднав, а тие почнаа да ме клоцаат. Некое од лицата ме има бодено со штрафцигер во ногата“, додава претепаното момче за „А1он“.

По ударите, момчето вели дека изгубило свест и не се сеќава што се случувало потоа. Тој има скршеници на забите, носот, но и исеченици на главата.

„Ја удриле и мојата девојка бидејќи викала помош. Среќа излегле луѓе и реагирале. Имам закани, се јавуваат. Наводно сакаат да се смириме“, сведочи момчето.

По инцидентот во Аеродром, тој не се чувствува сигурно.

„Ова ми се случува првпат во живот. Како да се чувствувам сигурно кога некој може да дојде и да те нападне со штрафцигери и пиштоли? Од повредите, не се сеќавам ниту што се случувало кога ме однесле во болница. Сè уште немам дадено изјава во полиција, рекоа дека денес ќе ме побараат, но до сега никој ме нема побарано“, тврди претепаниот скопјанец.

Претепаното момче вели дека лицето од кое позајмил пари бил познат лихвар кој давал пари под камата и дека ова не е прв пат да напаѓа.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, велат оттаму.

Крвавата тепачка се случи вчера околу 22 часот во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. На видеото се гледа дека четири лицаа бегаат од местото со автомобили. Очевидци велат дека слушнале викање и женски глас како бара помош.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

(ВИДЕО) Хаос во Цетиње: Се степаа пратениците во црногорското Собрание

Горан Наумовски

Сопственик на кафeана претепал музичар, па му го оштетил и музичкиот инструмент

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром