Синоќа околу 19 часот на улицата „Битпазарска“ во Скопје околу десет непознати лица без повод и причина физички го нападнале Т.Б.(24) од Скопје, удирајќи го со тупаници по телото, од што му нанеле видливи повреди.
На Т.Б. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје и се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
Пред МНТ во Скопје, синоѓа околу 22 часот три непознати лица без повод и причина физички го нападнале Д.С.(35) од Скопје, удирајќи го со тупаници по телото.
Д.С. е пренесен во ГОБ Скопје за укажување лекарска помош и се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.