Претепан сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски

Од:

Сопственикот на порталот „Буревесник“ бил претепан синоќа од две лица пред зградата каде што живее во Битола. Бил примен во битолската болница и е пуштен на домашно лекувње.

Случајот е пријавен во полиција. Засега од МВР нема детали за инцидентот.

– На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот сопруг З.Б.(56) од Куманово бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во информацијата од МВР.

Ова не е прв физички напад врз сопственикот на „Буревесник“, кој се најде и на обвинителна клупа во случајот „Шпион“.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: МВР да ги открие сторителите на физичкиот напад врз Зоран Божиновски

Протест на ЗНМ за поддршка на Зоран Божиновски