Вчера околу 15 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, поточно на автобуската постојка кај универзитетот Свети Кирил и Методиј, две засега непознати лица извршиле физички напад над А.Б. (1992) од Скопје, удирајќи го со тупаници, клоци и тврд предмет во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина на тилот и гребнатинка на раката.
Причината за физичкиот напад е непозната.
ПС-Центар презема мерки за расчистување на случајот.