Дваесет и осумгодишниот кочанчанец А.И синоќа бил претепан во неговиот дом во Кочани од братот на неговата поранешна сопруга, триесет и седумгодишниот К.А.
МВР соопшти дека А.И синоќа во 23 часот и 50 минути пријавил дека во неговата семејна куќа му била нанесена тешка телесна повреда. Додека пријавителот спиел во куќата која не била заклучена и во која била сам, ненадејно влегол К.А и без повод и причина го нападнал со тупаници во пределот на главата.
Од ударите му била нанесена тешка телесна повреда, скршеница на долната вилица. А.И. за санирање на повредите се јавил во болница во Кочани, а потоа е упатен во Клиничката болница во Штип.
По документирање на случајот против К.А. кој од порано е познат на службата како сторител на повеќе имотни деликти и насилства ќе биде поднесена соодветна пријава.