Пресуда за барањето на Петрови за отштета од државата на 8 мај

Од:

Во Основниот суд во Струмица денеска заврши главната расправа од постапката, во која семејството Петрови од селото Куклиш бара од државата да му исплати надомест на штета од 275 илјади швајцарски франци за неправилна одлука на судија од Основниот суд во Струмица од 2006 година.

Брачниот пар Бранко и Савета Петрови водат судски спор долг скоро дваесет години. Во 1999 година влегле во судските лавиринти за да ја истераат правдата и да вратат 610 илјади швајцарски франци, кои во 1994 година таткото на Савета ги позајмил на две лица.

По завршувањето на главната расправа адвокатот Владимир Стојкоски информираше за текот.

– Се надеваме дека по неколкугодишна судска голгота на семејството Петрови и нивниот правен претходник, сега покоен Пављо Филчев, конечно ќе биде задоволена правдата. Очекувам позитивна пресуда, односно очекувам да биде усвоено тужбеното барање и барем во еден дел да биде надоместена штетата, која покојниот швајцарски пензионер ја претрпел во годините наназад. Се надевам дека во најкраток можен рок судот ќе донесе пресуда и во еден дел да биде надоместено штетата и наследниците да имаат морална и материјална сатисфакција, изјави адвокатот Владимир Стојкоски.

Пресудата на Основниот суд во Струмица по овој случај треба да биде позната на 8-ми идниот месец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите