Пресуда на Судот во Стразбур: Полицијата земала примерок од ДНК без судска наредба

Од:

Европскиот суд за човекови права вчера донесе пресуда со која се утврди дека начинот на кој полицијата собира, обработува и чува ДНК материјал не е во согласност со членот 8 (правото на приватен и семеен живот) од Европската Конвенција за човековите слободи и права.

Пресудата се однесува на случај од 2013 година кога двајца жалители застапувани од правниот тим на Коалиција Маргини и ХОПС поднесоа жалба до ЕСЧП со наводи дека во октомври 2009 и февруари 2010 година, полицијата им земала примерок од ДНК без судска наредба и без нивна согласност под сомнение дека извршиле кривично дело.

Оваа пресуда, како што информираат од Коалиција Маргини, е исклучително важна за почитувањето на човековите права на граѓаните од страна на полицијата.

Според искуствата на Коалиција Маргини и ХОПС, во периодот кога се извршени повредите, полицијата имаше пракса на арбитрарно земање на ДНК примероци од луѓе што употребуваат дроги, прекршувајќи го нивното право на приватност.

Постапка пред домашните институции и пред ЕСЧП, како што е наведено во соопштението, е водена од страна на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ и Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Од Коалиција Маргини апелираат пресудата на ЕСЧП да се почитува и да се спроведе во најкус можен рок, пред сé преку донесување јасна законска рамка за начинот на земање, обработка и чување ДНК примероци и прекинување на практиката на произволно земање ДНК примероци и унапредување на третманот кон луѓето кои употребуваат дроги од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Пресуда на ЕСЧП против С. Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби

Ана Ололовска

За четири месеци 385 Македонци со барања пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Линос-Александер Сицилијанос нов претседател на Европскиот суд за човекови права

Ана Ололовска

Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на бискупот Ричард Вилијамсон

Наум Локоски

Европскиот суд за човекови права ја осуди Грција за примена на шеријатски закон

Ана Ололовска

Европскиот суд за човекови права ја казни Словачка за неиспитување расизам во убиство на Роми

Ана Ололовска