Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум, преполовени водостоите на повеќето реки,

Од:

Драстичен пад на водостоите бележат повеќето реки во земјава. Според денешните хидролошки мерења, над просекот за август се само Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево.

Само Црна кај Новаци е на исто ниво како просечното за септември, а релативно блиску до просекот е и Пчиња кај Катлановска Бања. Останатите реки се или преполовени или намалени за три пати.

Водостојот на Преспанско Езеро е ист како вчера – седум сантиметри под апсолутниот минимум, а на Охридското во однос на септемврискиот просек е намалено за 12 сантиметри, додека во однос на вчерашниот ден покажува снижување за еден сантиметар.

Би можело да ве интересира

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Намален водостојот на Преспанското Езеро

Катерина Павлова-Николовска

Намалени нивоата на Охридско и Преспанско езеро

Маж починал од срцев удар при влегување во Преспанското езеро

Ландов

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Преспанското Езеро – болен пациент кој не знаете од каде да почнете да го лекувате