Пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана, запленети 2,5 килограми

Од:

Во заедничка акција на одделот за криминалистичка полиција – секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали и царинските инспектори од одделението за оперативни работи од Царинската Управа на Македонија бил пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана, при што биле пронајдени и запленети околу 2,5 килограми марихуана.

Вчера во 10 часот и 45 минути, по претходно добиени информации за меѓународен транспорт на марихуана од Македонија за Турција, на улица Панче Неделковски во Скопје било запрено патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И. од Скопје. Возилото и лицето биле спроведени во просториите на Царинска испостава Скопје 4, каде што од страна на царинските инспектори бил извршен детален претрес на возилото. Притоа, во резервоарот на возилото бил пронајден специјално изработен бункер за криење и пренесување на недозволена стока. Во бункерот биле пронајдени една црна најлонска кеса и една бела најлонска кеса обвиткана со леплива трака со марихуана со тежина од околу 2,5 килограми.

С.И., во текот на август годинава, дрогата ја набавил од непознато лице од Република Албанија, ја сокрил во бункерот во резервоарот за гориво и со истото возило ја транспортирал во Македонија.

Секторот за внатрешни работи Скопје против С.И. ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Лицето С.И. од претходно било познато на службата за борба против дрога. Во 2012 година, на граничниот премин „Богородица“, бил фатен при обид да транспортира околу пет килограми наркотична дрога хероин. За тоа дело бил осуден на казна затвор во траење од пет години. Од затвор излегол во февруари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот