Препораки за користење на водата за пиење во поплавените подрачја

Од:

Министерството за здравство упатува препораки за користење на водата за пиење во подрачјата кои се поплавени, со цел превенција и заштита од ширење заразни болести.

– Доколку користат вода од приватен бунар или други приватни водоснабдителни системи кои не се под контрола на јавно претпријатие, жителите на поплавените населени места во овие подрачја треба да ја превриваат водата пред да ја користат за пиење.

Овие препораки треба да се почитуваат и во други населени места кои евентуално биле поплавени, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Според добиените информации од Центарот за управување со кризи, поплавени се населени места Просениково и Дабиле (општина Струмица), Босилово, Карбинци (општина Штип), Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци (општина Чешиново-Облешево), Мачево, Будинарци, Ратевска река (општина Берово), Ношпал, Вешерејца, Тополчани (општина Могила), повеќе населени места по течението на Црна Река во Прилепско, Покрвеник, Прељубле, Дрмени, Езерани, Долна Бела Црква (општина Ресен), Ерџелија (општина Свети Николе), Мислешево, Мороишта, населба Езерски Лозја (општина Струга).

Министерството за здравство повторно укажува на населението од овие подрачја да ги следи препораките од центрите за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза