Препораката за ослободување од работа на раниливите групи поради жешкото време продолжена до 27 јули

Од:

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 64 седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година.

Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години.

Од оваа одлука, се иземаат хронично болните лица.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63-та владина седница остануваат на важност.

Би можело да ве интересира

Топлотен бран во земјава, издадени предупредувања за заштита на населенеието

Наредната недела нов топлотен бран со температури и над 40 степени

ВИДЕО: Екстремниот топлотен бран во Европа однесе 2300 животи

Катерина Ѓуровски

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Катерина Ѓуровски

Пеколот продолжува до среда, температурите потоа ќе паднат за неколку степени

Бремените жени и повозрасните од 60 години да се ослободат од работа поради топлотниот бран