А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Препорака со услов за нејзино задржување – потребни се слободни медиуми и независно судство

by А1он08/10/2014 - 13:4108/10/2014 - 16:18158
Share0

Европската комисија нотира дека политичките критериуми и понатаму се доволно исполнети и ја задржува препораката за отворање преговори за членство, но жали што се направени чекори наназад во текот на изминатата година.

Добивај вести на вибер

Комисијата ја повикува власта да преземе одлучна акција за да се решат зголемената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето, а со тоа ќе биде можно препораката да остане одржлива и во идните години, пишува во извештајот на Европската комисија.

-Довербата во државните институции постепено се намалува. Расте загриженоста за селективната правда. Слободата на изразување и медиумите останува посебна грижа за официјален Брисел, како и подобра заштита на правата на припадниците на малцинствата.

-Слободата на изразување продолжува да биде многу проблематична. Постои индиректна државна контрола на медиумите преку владините реклами и привилегираните медиуми. Јавниот радиодифузен сервис не ја извршува својата целосна функција за балансирано известување, а политичката пристрасност беше нотирана и од ОБСЕ за време на изборите, и во текот на оваа и во минатата година. Ова резултира со недостиг на независно информирање и недостаток од објективно информирање.

Нискиоот новинарски стандард и етика, придонесуваат за ваквата ситуација, се вели во извештајот.

Според комисијата позитивно е само што бил формирано саморегулаторно тело во декември 2013 година од страна на самите новинари. Се забележува на владиното рекламирање, што вклучувува и партиски личности.

-Како и да е, остана нејасно кои медиуми се првенствено повластени за владините кампањи, како и критериумите по кои тие биле избрани и им се исплатени државни пари.

Потоа извештајот нотира дека процесот на пристапување на Македонија тапка во место и дека сеуште не се почнати и отворил преговорите за членство.

-Но, „истовремено потрфлањето на Владата во исполнувањето на бројни клучни проблеми и ја наруши одржливоста на реформите и донесе назадување во некои области“.

1

Брисел сугерира дека власта и опозицијата треба да имаат политички дијалог, но и дека „Владата треба да и обезбеди на опозицијата можност целосно да ја исполни својата демократска контролна функција. А опозицијата исто така треба да конструктивно да влезе во демократскиот процес, се наведува во извештајот.

Нотирано е дека Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) не се одржал во текот на изминатата година, а што се однесува до меѓуетничката ситуација, Комисијата предлага да се изгради поголема доверба меѓу заедниците и дека прегледот на Охридскиот рамковен договор треба да биде завршен и неговите препораки да се спроведуваат.

Во заклучокот е посочено и дека останува од суштинско значење да се преземат решителни чекори кон решавање на „прашањето за името“ со Грција и дека неуспехот на страните на овој спор да постигнат компромис, по 19 години преговори со посредство на ООН, има директно и негативно влијание врз европските аспирации на земјата.

– Одлучна акција е потребна, како и активна поддршка од страна на лидерите на ЕУ. Комисијата го повторува ставот дека, ако се одвива скрининг-процесот и дискусии со Советот за создавање на преговарачката рамка, би се создал потребниот импулс што би можел да даде поддршка на изнаоѓањето на компромисно и меѓусебно прифатливо решение за прашањето за името, дури и пред отворањето поглавја од официјалните преговори, препорачува Еврокомисијата.

Целиот извештај може да се прочита на следниот линк.

eu

Би можело да ве интересира

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:16

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Горан Наумовски24/10/2025 - 11:57

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Горан Наумовски24/10/2025 - 10:43

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:1424/10/2025 - 07:16

Блумберг: ЕУ ја одложува одлуката за користење на замрзнатите руски средства до декември

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:09

Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија

Горан Наумовски23/10/2025 - 14:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен