Преполевен приходот за наплата на паркинг места во Штип

Од:

Преполовен приходот од наплатата на парикинг местата во текот на минатата година во Штип, покажа годишниот извештај на претпријатие „Стипион“. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Сашко Протогеров на денешната Комисија за урбанизам на Советот на Општина Штип презентираше дека од наплатата на паркинг местата биле планирани шест милиони денари, а како приход се собрани само 3,5 милиони денари.

– Ова се должи на намалените цени за паркирање од претходниот Совет на Општина Штип. Конкретно можам да ви кажам неколку бројки дека дневната карта за паркирање од 80 денари е намалена на 60 денари, потоа повластени карти, кои ги имаа граѓаните кои работат и имаат канцеларии на улиците во центарот од 6.000 е намалена на 1.000 денари, потоа закупот на паркинг места од 8.000 е намален на 3.000 денари и ангажираните паркинзи од 35.000 се намалени на 10.000 денари, вели Протогеров.

ЈП „Стипион“-Штип за првпат покажа и добивка од околу 200.000 денари, а според финансиските показатели добивката се должи на новото возило, кое е набавено минатата година, а не е прикажано како добивка.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена