А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Премиерот Заев в понеделник гостин на Могерини и Хан во Брисел

by А1он07/06/2017 - 16:05188
Share0

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, в понеделник во Брисел ќе го пречекаат новиот македонски премиер Зоран Заев во негова прва официјална посета на европската престолнина откако застана на чело на Владата на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Ова денеска во изјава за дописникот на МИА од Брисел го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

– Могерини и Хан на средбата со Заев ќе ја повторат својата подготвеност за поддршка на новата влада, како и на опозицијата, во нивните напори конструктивно да се испорача нивната заедничка цел за реформи поврзани со ЕУ. Тие ја нудат својата помош во овој поглед и ќе инсистираат на имплементација на сите делови од договорот Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и заслужуваат, истакна портпаролката Коцијанчич за МИА.

Претходно, во соопштение до јавноста, комесарот Јоханес Хан соопшти дека повторно во Скопје го испраќа пензионираниот експерт за владеење на правото на Европската комисија, Рајнхард Прибе, кој заедно со група на експерти на Комисијата ќе треба да и помагаат на новата Влада на Република Македонија во напорите за реформи.

hanmogeriniZaev

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

Могерини и Санино се пуштени на слобода по сослушувањето за наводни неправилности во ЕУ проект

Горан Наумовски03/12/2025 - 10:3703/12/2025 - 10:50

Покрај Федерика Могерини, уапсен е и Стефано Санино како дел од истрагата за злоупотреба на средствата од ЕУ

Горан Наумовски02/12/2025 - 14:38

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски02/12/2025 - 13:4002/12/2025 - 13:59

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен