Премиерот Заев се сретна со косовскиот амбасадор Иса

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Косово, Иљбер Иса на која се разговарало за досегашната соработка, како и за можноста за продлабочување и продолжување на успешните билатерални односи.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, порачал дека очекува скоро формирање на новата влада на Косово за да продолжи успешната приказна во соработката меѓу двете влади.

– Исклучително важно е да се подобри соработката со соседите, бидејќи соседите треба да се поддржуваат, затоа што на меѓународен план победуваат оние кои се поддржуваат, истакна премиерот Заев на средбата.

Еден од позначајните проекти, како што се наведува во соопштението, што дополнително ќе ја засили соработката помеѓу Македонија и Косово е изградбата на автопатот Скопје – Блаце, како и новиот граничен премин помеѓу Македонија и Косово, Белановце – Станчиќ, кој се очекува да биде отворен кон крајот на летото или почетокот на есента.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?