Премиерот Заев се сретна со канадскиот амбасадор Пинингтон

Од:

Владата на Република Македонија презема се што е потребно да го отвори патот кон евроатлантските интеграции и со тоа да го обезбеди и да го осигура квалитетот на живот на граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со амбасадорот на Канада Филип Пинингтон.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Заев укажал дека има големо иселување од Македонија, претежно на млади луѓе.

– Еден од приоритетите на Владата е обезбедување перспектива, работни места и достоинствени плати за задржување на младите во земјавата и враќање на оние што заминале. За таа цел се обврзавме на амбициозен план 3-6-9, во чија реализација го интегрираме целото општество, потенцирал премиерот.

На средбата е констатирано дека ваквите инклузивни политики на македонската Влада и исчекорот кон добрососедските односи имаат поддршка и од меѓународната заедница, што придонесува во градењето доверба кон Република Македонија како држава која заслужува да оди напред.

Канадскиот амбасадор упатил честитки до Заев за стапувањето на должноста премиер, но и за формирањето на Владата низ, како што истакнал, мирен, демократски процес, по длабоката политичка криза во земјата.

Пинингтон ја поздравил реформската определеност на Владата, која, како што оценил, се одразува со видлива промена на расположението кај граѓаните и оптимизам дека позитивните промени во државата стануваат реалност. Воедно соопшти дека Канада ја поддржува Македонија во НАТО аспирациите.

На средбата се разговарало и за можноста за продлабочување на односите меѓу Република Македонија и Канада во делот на економијата. Постои согласност дека реформите што водат кон владеењето на правото и обезбедување сигурност на инвестициите се охрабрувачка порака кон канадските бизнисмени, кај кои постои интерес за Македонија.

Заедничка била и согласноста дека на регионот му треба стабилност и гледање кон иднината, како и дека неговиот напредок отвора заедничка перспективна иднина за сите држави, меѓу кои и за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите