Премиерот Заев најави дека ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска од Охрид рече дека уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион мора да се спроведува согласно законите и со запазување на предвидените постапки, најавувајќи дека процесот на отстранување на илегално изградените објекти на крајбрежјето на езерото ќе продолжи.

За самиот процес тој рече дека воопшто не е лесен, оти постојат одредени судски решенија што го усложнуваат, но дека инситутциите на сите нивоа остануваат фокусирани на исполнување на предвидените постапки.

– Слободата и демократијата живеат и се слават во нашата земја…Навистина ги следиме законите. Централната власт е во позадина, со поддршка не само во изјавите, туку и финансиски поддржуваме и се. Затоа што во моменти кога доаѓате на вакви предизвици повторно ја централизирате власта заради било кој изговор, тоа е лоша порака за граѓаните. Наша намера е да додецентрализираме, да пуштиме дополнително нови надлежности, па дури и тие што ги има кај градоначалникот и Советот да ги пуштиме на месните заедници, до таму, до граѓаните да стигнат. И од тој аспект сакаме согласно законите да се тераат сите постапки, рече тој.

Премиерот со пофални зборови за се она што го има направено охридската локална власт во справувањето со проблемот на дивоградбите.

– Не е лесно, некаде имате фалирање на судови како второстепени истанци затоа што се прават потези, не знам за исклучување на струјата, надвор од законот или било што и ќе ја врати постапката. Затоа мораме сите институции согласно своите надлежности да бидеме фокусирани. Локалната власт овде во Охрид си ја врши својата работа, централната власт си ја врши својата работа, а може судската да промаши во одредени делови. Но, бев на увид како се прочистени плажите и навистина кога го гледате тоа како слика, тогаш гледате како се враќа природата, како се враќа тоа што е културното и природно богатство на Охрид и Охридското Езеро, на крајбрежјето. Јас верувам дека чекор по чекор ќе продолжиме така. Во иднина општината, веројатно после локалните избори ќе изработи детален план согласно деталниот план којшто го прави државата ќе направи детално планско планирање како да се организира целиот тој дел на сервисирање на услуги на граѓаните покрај плажите, ама ќе биде согласно УНЕСКО, ќе биде со ред и поредок и на тој начин ќе си го чуваме тоа што е највредното – Охрид нормално, а истовремено ќе дадеме можност економскиот и туристичкиот живот бидат наше секојдневие, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице