Премиерот Заев на економски форум во Виена

Од:

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија.

Претседателот на македонската Влада ќе има обраќање во рамки на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.

Како што соопшти владината прес-служба, во попладневните часови, предвидено е премиерот Зоран Заев да оствари средба со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.

Би можело да ве интересира

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Украдениот хеликоптер од Австрија детектиран во Хрватска: сопственикот бара помош во потрагата

Освои 12 милиони евра, но веќе два месеци не ја подигна добивката

А1он

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија

Во детската соба подготвуваше масакр, сакаше сè да пренесува во живо – уапсен е 14 годишен Австриец

А1он