Премиерот Заев и владина делегација на 13 и 14 ноември во работна посета на Словенија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе ја предводи владината делегација во официјална посета на Република Словенија која ќе се одржи на 13 и 14 ноември.

Премиерот Заев и делегацијата на Република Македонија, во состав Оливер Спасовски, заменик претседател на владата и министер за внатрешни работи, Крешник Бектеши, министер за економија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Едмонд Адеми, министер без ресор, задолжен за дијаспора и Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, ќе бидат примени со највисоки државни почести во Владата на Република Словенија во понеделник, на 13 ноември.

По церемонијата на свечениот пречек, премиерите Зоран Заев и Миро Церар ќе имаат тет-а-тет средба, додека министрите во Владата на Република Македонија, ќе имаат билатерални средби со нивните колеги од словенечката влада, по што ќе следува и заедничката, пленарна средба на министрите во делегацијата на Република Македонија и министрите домаќини во Владата на Република Словенија.

Во рамките на првиот ден од посетата, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе има средба со припадниците на МВР на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на нашата јужна граница за време на мигрантската криза.

Активностите првиот ден завршуваат со заедничката прес конференција на премиерите Зоран Заев и Миро Церар, по што ќе следува свечената вечера во чест на македонската владина делегација.

Вториот ден од посетата започнува со работниот појадок на премиерот Заев со делегација на словенечките стопанственици.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, потоа ќе се сретне и со Претседателот на Државниот збор на Република Словенија д-р Милан Брглез, како и со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Би можело да ве интересира

Словенечките одбојкари се пласираа во осминафиналето на Светското првенство

Словенечката влада му забрани на Додик влез во земјата

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Словенечките кошаркари го победија Исланд и обезбедија место во нокаут фазата на Европското првенство

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски