Премиерот Груевски во посета на поплавените реони во Штипско и Светиниколско

Од:

Премиерот Никола Груевски попладнево е во посета на поплавените реони во Штипско и Светиниколско.

Придружуван од министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, премиерот Груевски е во обиколка на поплавените куќи, по што ќе ја посетат населбата Ливади во Свети Николе.

Во Штип водата се уште не смее да се користи за пиење. Директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски вели дека во тек е ставање во функција на останатите бунари и на водоводниот систем со цел населбите во повисоките зони во градот да добијат вода која граѓаните смеат да ја користат само како техничка.

– Во моментов имаме неколку дефекти на водоводната мрежа на кои екипи на ЈП „Исар“ работат за да се санираат. Сметаме дека во текот на наредниот ден т.е. утре граѓаните на Штип ќе имаат вода во водоводниот систем која што не може да се користи се додека не покажат дека се исправни резултатите од анализите коишто ги прави Јавното претпријатие „Исар“ и Центарот за јавно здравје, рече Мицевски.

Што се однесува за селските водоводи во Штип, според направените анализи, сите се во ред, единствено во селото Пиперево анализата покажала дека водата не смее да се користи.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он