Премиерот Груевски се сретна со еврокомесарот Филе

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во Владата се сретна со комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Филе.

На средбата, како што соопшти владината прес-службата, беа реафирмирани посветеноста и заедничките интереси за надминување на предизвиците согласно принципите и јавно искажаните ставови.

– Беше истакната заложбата за реализација на европската интеграција на Република Македонија.  Се изрази благодарност и задоволство од ангажманот и поддршката на Европската Комисија за нашата европска агенда, се наведува во соопштението.

На средбата присуствуваа и известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент и поранешниот претседател на ЕП Јиржи Бузек, директорот на Директоратот запроширување Стефано Санино, министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Поповски и Гордана Јанкулоска, како и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер.

Филе, Ховит и Бузек денеска во Скопје се среќаваат и со лидерите на СДСМ и ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.

Предвидено е европските претставници да бидат примени и од шефот на државата Ѓорѓе Иванов.

Европската тројка повторно дојде во Македонија во обид да се стави крај на политичките несогласувања.

– Комесарот Филе оди ПЈР Македонија во заедничка мисија со членовите на Европскиот парламент Ховит и Бузек, со цел да се сретне со засегнатите страни и да придонесе да се најде начин како да се надмине сегашната политичка криза. Солуција на кризата ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој ЕК го подготвува врз база на одлуката на земјите-членки за оваа пролет. Таа ќе креира услови овој извештај да биде позитивен, истакна портпаролот на Филе, Петер Стано, вчера на официјалнито прес-брифинг во зградата на Европската комисија.

Како што е најавено, еврокомесарот Штефан Филе за денешниоте разговори со претставниците на власта и на опозицијата треба да информира на прес-конференцијата закажана за 13:30 часот во ЕУ Инфо центарот.

Би можело да ве интересира

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии