Премиерот Груевски ќе се сретне со Заев, новиот лидер на СДСМ

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска во просториите на Владата на Република Македонија ќе се сретне со Зоран Заев, новоизбраниот лидер на опозициската СДСМ.

Посетата на Заев е согласно претходно востановената пракса за средба на премиер и лидер на опозицијата.

Шефот на Владата, Груевски во четвртокот телефонски муго честита на Заев изборот за претседател на СДСМ, при тоа му посакал на Заев добро здравје и мудрост во работата.

Заев, досегашниот потпретседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, во неделата на партискиот конгрес беше избран за нов лидер на партијата. Кандидати за претседател на партијата беа и Зоран Јовановски и Кире Наумов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?