Премиерот Груевски го посети првороденчето на Клиниката за гинекологија во Скопје

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска, во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика Никола Тодоров и Спиро Ристовски, како и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, го посети првото бебе родено во 2013 година на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Груевски најави дека Владата  по овој повод на семејството ќе му додели илјада евра. Министерот Ристовски на бебето му подари два златника, додека градоначалникот Трајановски на мајката и даде книшка со 20 илјади денари.

Според Тодоров, Министерството за здравство ќе обезбеди се што е неопходно за бебето во 2013 година, пелени, храна, …

Бебето е тешко 4 килограм и 300 грама, а долго 54 сантиметри. На мајката Јасмина Смилевска, родена 1971 година, ова и е осмо дете, по претходно родените пет машки и две женски.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом