Премер и одржување на државната граница на Република Македонија

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности известува дека покрај другите надлежности надлежна е и за вршење по службена должност премер и одржување на државната граница на Република Македонија.

“Предмет на премерот на државната граница е означување и прибирање на просторни и описни податоци за граничните точки. При премерот на државната граница се изготвува ортофото план а за извршениот премер на државната граница се изготвува и геодетски елаборат во кој е содржана геодетско техничката документација.

Република Македонија е единствена од поранешните југословенски републики со решени државни граници со соседните држави.

За државната граница со Република Грција граничната документација е изработена во 1987 година, а за државната граница со Република Србија и Република Косово границата е обележена и за неа е изготвена најсовремена гранична документација заклучно со 2012 година.

Државната граница со Република Албанија и Република Бугарија е дефинирана но за неа не постои гранична документација.

Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија , на 15.05.2000 година потпишаа Спогодба за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните белези на македонско – бугарската државна граница а истата е ратификувана во Собранието на РМ на 23.01.2002 година.

Врз основа на наведената спогодба формирана е Мешовита комисија за чување, одржување, обновување и обележување на македонско-бугарската државна граница.

Република Македонија со Република Бугарија има граница во вкупна должина од 185 км.

Согласно спогодбата границата е поделена во 2 сектори и тоа:

– Сектор бр.1 – од македонско-бугарска-грчката тромеѓа до граничната пирамида бр. 62

– Сектор бр. 2 – од граничната пирамида бр. 62 до македонско-бугарско-српската тромеѓа.

Согласно обврските кои произлегуваат од Спогодбата завршен е делот на границата од граничниот столб 50 до граничниот столб 72 во должина од 45 км и за истиот е изготвена комплета гранична документација.

Со програмата за снимање на границата на Министерството за надворешни работи и Агенцијата за катастар за 2016 година предвидено е снимање на границата од граничен столб 72 до граничен столб 106 ( тромеѓа меѓу Република Македонија, Република Србија и Република Бугарија) во должина од 70 километри.

Теренските работи ќе се одвиваат со почеток на 13 јули 2016 годинаи заедно со ортофото снимањето планирано е да завршат на 15 октомври 2016 година. Теренските работи ќе ги извршуваат стручни лица од Агенцијата за катастар на недвижности со најсовремена ГНСС (глобален навигациски сателитски систем) опрема и користење на МАКПОС (мрежа на перманентни ГНСС станици) системот.

За 2017 година планирано е да се заврши преостанатиот дел од македонско бугарската граница во должина од 70 км со што ќе се комплетира целокупната гранична документација помеѓу Македонија и Бугарија“ информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.

Би можело да ве интересира

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски