Прелет на воздухопловите на Армијата утре над Скопје

Од:

По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, за утре од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L.

– Се надеваме дека граѓаните на Град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република Северна Македонија. Воедно, од името на сите припадници на Воздухопловниот ВИНГ, во време на светската пандемија од КОВИД-19, на граѓаните на Република Северна Македонија им посакуваме да останат во добро здравје и ведар дух, да ги почитуваат препораките за заштита, а на сите заболени им посакуваме поскоро оздравување и закрепнување, стои во писмената изјава на мајор Сашо Павловски.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на воздухопловниот ВИНГ утре ќе се обрати вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

– Доколку временските услови овозможат, во рамките на свеченоста е предвидено демонстрација на летање од страна на авијацијата на нашата Армија, како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое започна со нашето полноправно членство, а кое согласно техничкиот аранжман го реализира военото воздухопловство на Република Грција, информираат од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он