Прекумерни трошоци во роаминг само со согласност

Од:

Агенцијата за електронски комуникаци (АЕК) најавува надминување на проблемот со прекумерно направени трошоци за користење услуги во роаминг.

Новиот Правилник за општи услови  усвоен од регулаторот предвидува при склучување на претплатничките договори да се воведе контрола на трошоците при користење интернет и разговори во роаминг. Ако претплатникот надмине сметка за интернет во роаминг од над 1.000 денари операторот задолжително  го известува за тоа и го прашува за согласност за натамошно користење на услугата.Максималната вредност на трошоците, пак, за разговори во роаминг е 3.000 денари по што исто така корисникот добива известување. Ако сака да ја користи и понатаму услугата ќе мора да испрати информација за тоа по електронски пат до операторот.

– Досега имаше голем број случаи кога корисниците не се свесни дека „нивните телефони сурфаат“ додека се на пат, потоа доаѓаат до АЕК, а немавме никаква законска основа како да ги прифатиме тие приговори. Сега се создаде законската основа и ќе немаме такви случаи, рече на денешната презентација на новиот правилник директорот на АЕК Роберт Орданоски.

Одговарајќи на новинарски прашања Орданоски информира дека се создадени сите правни услови  за спроведување на Договорот за намалување на цените на услугите во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Новите цени, според најавите, ќе се применуваат од 30 јуни годинава.

– Моментно е отворена јавна расправа на веб сајтот на АЕК за сите заинтересирани субјекти.Целата наша инцијатива ќе биде презентирана транспарентно пред јавноста. Со измените на Законот за електронски комуникации во ноември 2014 година се додаде нов член со што АЕК има законска можност да ги дефинира цените во роаминг и веќе се создадени сите правни услови за да се релизира меѓудржавниот договор потпишан во Црна Гора во септември лани во однос на балканскиот роаминг, наведе Орадноски.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ