Преку уметност до адресирање и надминување на проблемите – Приказната за Трансформерите од Тетово и Штип

Од:

Во рамките на своите заложби за градење на силно цивилно општество и јакнење на демократските процеси, веќе четвртина век УСАИД ги поддржува граѓанските организации и младите ентузијасти во нивните заложби за подобрување на секојдневието на сите граѓани. УСАИД посветено работи и ги поддржува граѓанските организации во насока на промовирање на дијалог, зајакнување на нивните лидерски капацитети и учество во јавниот живот за прашањата од општествен интерес.

Поддршката на УСАИД допира до најразлични сегменти од општествено живеење, а една од долгорочните цели е да креира силно, гласно и самосвесно граѓанско општество кое има влијание и капацитет да ги надмине предизвиците и да создаде подобро секојдневие.

Пример за еден таков успешен проект се Тетовските и Штипските трансформери, чија што цел е да ги адресираат проблемите од нивното секојдневие и истите да ги постават високо на агендата на локалните власти, но и да влијаат врз свеста на нивните сограѓани.

Проектот „Transformers“ – Трансформери, претставуваше еден сосема поинаков, креативен пристап чија цел беше активно вклучување на граѓаните преку нивно уметничко изразување, културни и образовни техники, да придонесат кон подобар живот во локалните заедници. Трансформерите своите активности ги спроведуваа во два региони, и тоа штипскиот и тетовскиот регион, а проектот беше предводен од страна на Центарот за Балканска Соработка – Лоја од Тетово, во соработка со Здружението на текстилната и кожарската индустрија „Тивко мнозинство/ГЛАСНО” од Штип.

Во рамките на проектот, од страна на 40-тина млади волонтери и уметници кои поминаа различни обукиза развој на уметнички вештини, беа направени околу 20-тина уметнички инсталации и културни активности, рефлектирајќи ги реалните проблеми на градовите Тетово и Штип и нивната околина.

Погледнете дел од генијалноста и креативноста на тетовските “Трансформери” и нивниот пристап при адресирање на проблемот со сообраќајот и сообраќајната култура во градот

Штипјани пак, преку различни активности ги покренаа прашањата како: расчистување на речното корито на реката Отиња, повикувајќи ги граѓаните на ликовен фестивал како тие го замислуваат токму овој дел од градот; организираа натпревар во кошарка во воздух, чија цел беше да го посочат проблемот со недостаток на соодветно игралиште за кошарка во градот; спроведоа активности за потенцирање на условите за работа на штипските текстилни
работници под наслов “The invisibles” – “Невидливите”, чија цел беше да се подигне јавната свеста за условите во кои работат штипските текстилни работници и резултираше со повторно отварање на дебата за правата на текстилните работници која потоа ја адресираше премиерот, ветувајќи негова посветеност за зголемување на минималните плати на работниците.

Трансформерите во Штип направија кино на отворено, со цел развивање на дискусија за потребите на граѓаните во културниот живот во нивната општина, неколку недели потоа, градоначачникот на Штип изјави ре-отварање на киното.
Во општина Теарце, трансформерите успеаа да направат автобуска постројка како потсетник за тој проблем кои долго се провлекувал во општината и претставувал проблем во целиот регион, локланите власти веднаш реагираа на активноста и изградија функционала автобуска постројка за граѓаните.

Иницијалната идеја на проектот – да им овозможи на граѓаните од различни заедници да го изразат нивното мислење за реалните проблеми и културата во рамките на интеркултурен и креативен процес беше прифатена широко прифатена и од страна на населението и од страна и на локалните власти. Дел од покренатите прашања веќе беа успешно изреализирани од страна на локалните власти, а дел од нив се наоѓаат на агендата за нивно решавање во следниот период.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството