Преку непостоечки член, Иванов помилувал 56 лица, одлучија пратениците

Од:

Собраниската законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува на членот 11 од Законот за помилување.

За точката за автентично толкување гласаа сите членови. Извештајот од седницата треба да се усвои на пленарна седница, а пратениците очекуваат дека со оваа одлука ќе го спречат и претркаат Уставниот суд да одлучува за помилувањата на Иванов.

Автентичното толкување го побараа пратениците Сашко Костов и Диме Велковски. Пленарна седница на Собранието, на чиј дневен ред би бил извештајот од Комисијата, најрано ќе се одржи на 11 декември.

Утрово Уставниот суд, на предлог на судијата Осман Кадриу, го тргна од дневен ред гласањето за нацрт-решението за одлучување за помилувањата. Од девет уставни судии, „за“ предлогот на Кадриу гласаа осум.

Би можело да ве интересира

Лукашенко одобри помилување на 31 украински државјанин

А1он

Трамп повторно го помилува Ден Вилсон, учесник во немирите во Капитол во 2021 година

Вучиќ ги помилува активистите на СНП осомничени за тепање на неколку студенти во Нови Сад

Горан Наумовски

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

А1он

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

А1он