А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Преку ЦУК побарана помош за заглавено лице во викендичка над кавадаречко Радња

by А1он18/12/2023 - 20:313090
Share0

Преку Единствениот број за итни случаи 112 попладне во 15.05 часот во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било добиено известување дека едно лице веќе четири дена е заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, кавадаречко, поради големи снежни наноси, и е останато без таблети за притисок и без храна, информираа вечерва од ЦУК.

Добивај вести на вибер

Оттаму дополнуваат дека Регионалниот ЦУК Кавадарци во 15.10 часот контактирал со зимската служба и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до селото Радња.

– Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци. Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот, е ризично вечерва да испратат трактор во месноста „Гатеново“, појаснија од ЦУК.

Од тие причини, било контактирано лицето и договорено е утре во 06:45 часот по него да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки.

Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Селото Радња е во центарот на мапата, над него повисоко била месноста „Гатеново“, каде што имало само викендички со голема оддалеченост една од друга, појаснуваат од ЦУК.

Според информациите од ЦУК Велес, висината на снежната покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан и патот до село Радња е непрооден

cuksneg

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2707/02/2026 - 12:27

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:47

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Горан Наумовски02/02/2026 - 07:23

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Горан Наумовски30/01/2026 - 06:57

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он28/01/2026 - 18:37

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата

Горан Наумовски28/01/2026 - 09:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен